Напаѓачот кој денеска со камион влета во просториите на телевизијата Фокс 4 во Далас бил гневен поради случај на престрелка во која била вмешана полицијата, јавуваат медиумите од овој американски град.
Откако удрил во зградата, напаѓачот извикувал „предавници“ на вработените во телевизијата. Во пикапот тој носел голем број листови хартија, кои се разлетале по ударот, а оставил и торба која ја испитуваат антитерористички тимови на полицијата од Далас.
Напаѓачот е притворен. Новинарите на Фокс изјавија дека на листовите хартија биле испишани главно неповрзани бесмислици.
Телевизијата Фокс е водечкиот медиумски поддржувач на претседателот Доналд Трамп, и се претпоставува дека нападот може да бил мотивиран од тензичната политичка состојба во земјата.
Првично беше објавено дека цел на нападот е Телевизијата Далас, всушност се работи за каналот KDFW, кој е филијала на Фокс