Вашингтон има намера да создаде коалиција на држави за заедничко спроведување планови за постојано присуство на Месечината. Toa го изјави директорот на НАСА, Џим Брајденстајн.
– Ќе формираме коалиција од држави за да се вратиме на Месечината, изјави тој. Овојпат ќе се вратиме за да останеме долго таму.
Тој додаде дека се планира од Земјата да бидат испратени роботизирани системи и американски астронаути.
– Ќе испратиме луѓе, ќе спуштаме модули, роботи. Целта не е да закачиме национално знаме и да оставиме отпечатоци од чизмите на астронаути и потоа 50 години да не се вратиме таму. Сакаме да останеме на долго на Месечината, изјави тој.