САД ќе и доделат хуманитарна помош на Сирија во висина од 108 милиони долари, изјави денеска портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус.

Таа наведе и дека САД поддржуваат отворање на дополнителен граничен премин помеѓу Сирија и Турција.

– САД силно поддржуваат препорака за отворање на дополнителен граничен премин помеѓу Сирија и Турција во Тал Абиад за испорака на помош и лекови на барање на генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, посочи Ортагус.