СAД ќе вратат повеќе од 17.000 древни артефакти, ограбени и прошверцувани од Ирак по американската инвазија во 2003 година, вклучувајќи глинена плоча стара 3.500 години, со дел од Епот за Гилгамеш, соопштија денеска ирачките министерства за култура и надворешни работи.
Десетици илјади антиквитети исчезнаа од Ирак по американската инвазија во 2003 година, која го собори диктаторот Садам Хусеин.
Бројни артефакти исто така беа уништени или прошверцувани од терористичка Исламска држава, која контролираше една третина од Ирак помеѓу 2014 и 2017 година, пред да биде поразена од ирачката војска со помош на сојузниците.
Американските власти кои работат на враќање на артефактите неодамна постигнаа договор со Багдад за враќање на предметите одземени од трговци и музеи во САД, соопштија ирачкото Министерство за култура и Стејт департментот.
– Американската влада заплени некои артефакти и ги испрати во (ирачката) амбасада. Значајната плоча со Епот за Гилгамеш ќе биде вратена во Ирак следниот месец, откако ќе завршат правните постапки, изјави министерот за култура Хасан Надим.