Одлуката за тоа кој ќе го задржи Сенатот ќе биде донесена утре, кога ќе се одржат повторните избори во американската држава Џорџија, бидејќи ситуацијата во Сенатот е многу тесна – републиканците освоија 50 места, а демократите 48.
На изборите во ноември, никој не победи во Џорџија, бидејќи никој од кандидатите не ги доби потребните 50 проценти, според законот на таа држава.
Сенаторот Дејвид Пердју освои повеќе гласови од неговиот противкандидат во ноември, но не и потребната половина, додека на втората трка, на специјалните избори, двајца републикански кандидати, вклучително и сенаторката Кели Лефлер, ги поделија гласовите и завршија зад демократот Рафаел Варнок, кој не освои половина.
Постои голем интерес за изборите во Џорџија, а двете водечки партии во САД вложија големи суми на пари за да победат. За сегашниот претседател Доналд Трамп е многу важно да ги победи демократите во Сенатот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп и новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе присуствуваат на предизборни митинзи во Џорџија ден пред клучниот втор круг што ќе одлучи за мнозинството во Сенатот. Џорџија не испратила демократ претставник во Сенатот веќе 20 години.Кампањата на Трамп во име на 71-годишниот Дејвид Пердју и 50-годишната Кели Лофлер се очекува да биде последниот голем митинг на претседателот пред да ја напушти Белата куќа на 20 јануари.
Форбс проценува дека дури 500 милиони долари ќе бидат инвестирани до 5 јануари за изборите во Џорџија. Со оглед на тоа дека резултатот е тесен и дека секоја од 50-те држави дава по двајца сенатори во Горниот дом на Конгресот, на демократите им требаат двете победи да бидат 50:50.
Доколку биде нерешено, одлучувачкиот глас ќе го даде потпретседателот на САД, а во овој случај станува збор за потпретседател на САД од редовите на демократите – Камала Харис, па нема сомневање кој ќе го „води“ Сенатот.
Според Форбс, кој се повикува на различни извори, но и на обложувачници, шансата Пердју да го победи демократот Џон Ософ е 66 проценти, додека шансата Лефер да го победи Варнок е 61 процент, а републиканците на кои им треба само едно сенаторско место за конечен триумф, дадени се повеќе од 70 проценти да го задржат Сенатот.
Во претходниот состав, Републиканската партија имаше мнозинство во Сенатот со 53 претставници, наспроти 45 демократи и двајца неутрални, кои се приближија до пратеничката група на Демократите. Сенатот е Горниот дом на американскиот конгрес, што заедно со Претставничкиот дом (Долниот дом), го формира законодавното тело на САД.
Претставничкиот дом ги задржа демократите, победувајќи ги републиканците 222: 211.