Претставничкиот дом на САД донесе резолуција со која најостро се осудува „очигледно намерното“ труење на Алексеј Навални.

Конгресмените бараат цврст одговор од САД и меѓународната заедница во врска со обидот за атентат врз рускиот опозиционер, посочи прес-службата на Конгресот на Твитер налогот на Претставничкиот дом.

Во резолуцијата, пратениците ги повикаа американскиот државен секретар Мајк Помпео и секретарот за финансии Стивен Мнучин да ги искористат своите овластувања согласно законот „Магнитски“ и да воведат санкции за одговорните – се предлага замрзнување на нивните средства и забрана за влез на американска територија.

Документот беше одобрен со измени и дополнувања по 40-минутна дебата.