Американскиот Национален парк Гранд Кањон ќе биде затворен до следната одлука, поради пандемијата на коронавирус.

„Здравјето и безбедноста на посетителите на паркот, службениците, жителите, доброволците и партнерите во Националниот парк Гранд Кањон се приоритет број еден за службата”, истакна вчера Националната служба за паркови.

Гранд Кањон е еден од последните големи национални паркови во САД, што се затвора. Јосемити и Јелоустоун беа затворени уште во март.

Знаменитата област има два главни влеза – од север и од југ. Околу пет милиона луѓе годишно ја посетуваат оваа туристичка атракција, што воедно е и значителен приход за државата.