Во САД, еден маж е уапсен затоа што вперил пиштол кон друг купувач кој го замолил да стави маска поради пандемијата на коронавирусот. Тоа се случило во продавница на Волмарт на Флорида.

Винсент Скавета (28) е уапсен за напад со смртоносно оружје и недозволиво покажување на огнено оружје, соопштија од канцеларијата на шерифот на Палм Бич.

„Добредојдовте во Затворот во Палм Бич, синко. Ова нека ти биде лекција. Можеше да заврши и полошо“, се вели во објавата на нивниот Твитер-профил.

Волмарт, најголемиот светски ланец за малопродажба, од 20 јули бара од сите луѓе во нивните продавници да носат маски.