Минатата година беше најсмртоносна во историјата на САД, откако стапката на смртност поради епидемијата на коронавирусот се зголеми за 15 отсто, покажуваат резултатите од студијата на американскиот Центар за контрола и превенција на заразни болести (ЦДЦ).
Како што пренесува американската веб страница „Политико“, повеќе од 3 милиони луѓе починале во САД во 2020 година, а Ковид-19 е трета водечка причина за смртта, по срцевите заболувања и карциномот.
„Политико“ наведува дека со објавување на извештајот, што допрва треба да следи, ЦДЦ првпат ќе соопшти дека минатата година имало рекорден број смртни случаи, за што придонела и епидемијата на коронавирусот.
Според последните податоци на веб-страницата Ворлдметерс, досега во САД починале околу 550.000 луѓе од коронавирус, од речиси 30 милиони заразени.