Министерството за одбрана на САД разгледува барање на армијата за испраќање на уште 5.000 војници на Блискиот исток заради се поголеми тензии во односите со Иран, јавија американски медиуми цитирајќи извори во Пентагон.
Според нив, барањерто е направено од американската Централна команда одговорна за воени операции во тој регион.
Не е јасно дали Пенгатон ќе го одобри тоа барање.
Според американски медиуми, Министeрството редовно добива, но и одбива барања на Командата за дополнителни ресурси. Еден од изворите нагалсил дека бараниот контигент би бил „дефанзивен“.