Основачот на Форд Мустанг, Ли Јакока почина вчера на 94-годшна возраст, по компликации поврзани со Паркинсоновата болест, соопшти неговата ќерка Лија Јакока Асад.
Јакока е познат по дизајнирањето на автомобилот мустанг, уделот во издигнувањето на Форд во светски гигант, како и по спасувањето на Крајслер Корпорацијата од работ на банкрот во 1980-тите.
Во декември 1970., тој влезе во управата на Форд, но осум години подоцна, е отпуштен од страна на Хенри Форд Втори. Потоа тој бил вработен во Крајслер, каде што стана и извршен директор и ја спаси фирмата од пропаст.
Тој е познат, меѓу другото, и по изјавата: Успехот во позитивната промена, како што јас го гледам тоа, е во помагањето, пред сè, на луѓето кои се околу нас.