Делови од авион на „Јунајтед ерлајнс“ паднаа во предградие на Денвер, по што „Боинг 777-200“ мораше да биде принуден да се врати на аеродромот, бидејќи по полетувањето се запалил десниот мотор.
Деловите од авионот што паднале не се мали и тој речиси ќе се урнел врз станбени објекти, јавија американски медиуми, наведувајќи дека немаповредени.
Американската воздушна федерација објави дека вчерашниот лет на релација Денвер-Хонолулу морал брзо да биде запрен поради инцидентот.
Во авионот имало 231 лице и 10 членови на екипаж, а сите патници биле пренесени на друг лет за Хаваи.
Локалната полиција објави фотографии на Твитер од делови што паднале покрај куќа, 40 километри северно од центарот на Денвер.