Случаи на заразени со новиот коронавирус во САД се удвоија за 18 дена и сега се повеќе од милион.
Повеќе од 56.500 Американци починале од вирусот. САД се убедливо во првите редови на двата показатела во мрачната статистика.
Околу една третина од пријавените случаи на инфекција со коронавирус во светот се во САД и околу една четвртина од смртните случаи.
Во САД, најлоша е состојбата во државата Њујорк, каде има околу 30 проценти од заразените. Следуваат Њу Џерси, Масачусетс, Калифорнија и Пенсилванија.
Коронавирусот предизвика повеќе Американци да ги загубат животите отколку во војната во Кореја (1950-1953) – 36.516. Бројот на жртви е близу до оној на американските загуби во војната во Виетнам – 58.220.