САД засега немаат заштита од руските ракети што го прекршуваат Договорот за уништување ракети со среден и краток дострел, изјави американскиот амбасадор во НАТО Кеј Бејли Хатчинсон во Брисел.
Изјавата е дадена пред средбата на министри за одбрана од земјите-членки на НАТО на 26-27 јуни.
Според Хатчинсон, САД анализираат можен одговор на прекинот на дејството на Договорот во сферата на конвенционалните оружје.
-Русија се уште има пет недели, за да се врати на почитување на договорот, но, ако не го стори тоа, разгледуваме неколку опции како да реагираме и дискутираме за тоа прашање со нашите европски партнери во НАТО, нагласи дипломатот.
САД соопштија дека излегуваат од Договорот на 2 февруари оваа година. Потоа почна да тече шестмесечниот преоден период, во рамките на кој договорот може да биде спасен.
Претседателот на Русија Владимир Путин на 4 март потпиша указ за прекин на учество на Русија во договорот од 1 март заради ставот на САД за тоа прашаање.