Бројот на невработени во САД се зголеми за 1,5 милиони во минатата недела, што сигнализира стагнација на закрепнувањето на пазарот на трудот, по неколку недели пад на бројот на барањата за надомест за невработени.
Бројот на побарувања поднесени минатата недела е речиси идентичен со претходната недела кога, според ревидираните податоци на министерството, 1,54 милиони Американци поднеле барање за надомест.
Бројките се значително пониски од врвот на корона-кризата кон средината на март кога повеќе од шест милиони американски граѓани аплицираа за надомест. Сепак, тие покажуваат прекин на трендот на намалување, што почна во средината на април.
Многу држави почнаа со укинување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, но кај некои, особено во Аризона, Тексас и Флорида, бројот на нови инфекции повторно се зголеми.
Претставниците на Централната банка во моментов проценуваат дека економијата ќе падне 6,5 проценти оваа година, додека невработеноста ќе остане висока за неколку години.