Поранешниот американски претседател Џими Картер е примен во болница откако паднал во неговиот дом во Џорџија.
Според соопштението од неговиот прес центар, 95-годишниот политичар вчера се здобил со „фрактура на карлицата“, но во моментов е во стабилна состојба, и се очекува да биде испратен на домашно лекување.
Картер е роден во Џорџија во 1924 година, беше гувернер на државата во периодот од 1971-1975 година, и победи на изборите во 1976 година, станувајќи 39-ти претседател на САД.
Откако ја изгуби претседателската трка од републиканскиот кандидат Роналд Реган во 1980 година, Картер ја напушти политичката сцена и го создаде Центарот Картер, хуманитарна организација за човекови права, која му ја донесе Нобеловата награда за мир во 2002 година.
Тој во моментов е најстариот жив претседател и претседател кое е најдолго во пензија во историјата на земјата.