Американскиот претседател Џо Бајден синоќа најави дека ќе се формира работна група во рамките на Министерството за одбрана за стратегија кон Кина.
– Работната група набрзо ќе почне со работа за да заземеме поцврста насока за прашањата поврзани со Кина, истакна Бајден при неговата прбва посета на Пентагон од стапувањето на должност претседател.
Тој додаде дека групата ќе биде составена од 15 цивили и воени советници, кои ќе имаат рок од четири месеци да ги претстават своите препораки.
Кина за САД е една од првите стратешки противници.