САД назначи свој прв амбасадор во Венецуела во последните десет години. Сенатот на американскиот Конгрес вчера изгласа именување на Џејмс Стори за амбасадор во Венецуела.
Стори, роден во Јужна Каролина, ќе ја преземе работата што ќе ја извршува од главниот град на соседна Колумбија.
САД и Венецуела немаат дипломатски претставници од 2010 година, кога односите почнаа да се влошуваат за време на владеењето на поранешниот претседател Уго Чавез.
Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини претседателот на Венецуела Николас Мадуро за „узурпација“ на моќта и кршење на човековите права.
Двете земји минатата година целосно ги прекинаа дипломатските врски, секоја ги повлече своите дипломати непосредно откако Вашингтон го поддржа лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо за легитимен лидер на Венецуела.