Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина Ерик Нелсон побара од властите на таа земја да не набавуваат телекомуникациска опрема од кинески производители и да се води посебна грижа за ова при воведување на мобилната мрежа 5Г.
На својот профил на социјалната мрежа „LinkedIn“, амбасадорот Нелсон денеска потврди дека таквото барање во име на својата влада го доставил до министерот за транспорт и врски на БиХ, Војин Митровиќ.
Тој експлицитно ги спомна кинеските производители како Хуавеј и ЗТЕ како проблематични.
„Треба да се внимава да не се користи опрема од Хуавеј или ЗТЕ, како и од другите недоверливи производители, со што се спречи да оневозможат, негираат или нарушуваат телекомуникациските услуги за сите граѓани, деловни активности, влади и важна инфраструктура“, напиша амбасадорот Нелсон.
Тој, исто така, потврди дека му пренел на министерот Митровиќ за интересот на американските компании да инвестираат во Босна и Херцеговина и „да донесат американска технологија и знаење во БиХ“.