САД побараа од Индија добро да размисли пред да купи руска нафта.
Велат дека тоа би било поддршка на политичките лидери во Москва за нивната инвазија на Украина. Вашингтон ја повика Индија да не го спроведува планот за купување руска сирова нафта. Њу Делхи претходно порача дека може да ја прифати понудата за купување руска нафта по намалена цена.
Сега се актуелизира темата за тоа дали главните земји производители на нафта во Латинска Америка, покрај Венецуела, можат да го прошират производството и да ја зголемат глобалната понуда.
Засега, вакво барање на САД немаат кон земјите членки на ЕУ, како Бугарија, Унгарија, Полска, Чешка, Германија итн.