Од Иран доаѓаат вести дека САД и Израел планирале да го решат „проблемот со Иран“ со врбување луѓе од високиот политчки живот, коишто би помогнале да бидат срушени властите во соработка со протестите што ја зафатија земјата.
Во рамки на акција за разбивање на таквите елементи во државата во Иран се уапсени поранешниот ирански претседател Хасан Рохани и поранешниот ирански министер за надворешни работи Џавад Зариф. Тие двајца се ставени во домашен притвор.
ИРГК и Службата за внатрешна безбедност спроведуваат чистка на „реформатори“ со врски со ЦИА и МИ6. Апсења и притворања на поранешни високи владини функционери се во тек. Поранешниот ирански претседател Хасан Рохани и поранешниот министер за надворешни работи Џавад Зариф се приведени и ставени во домашен притвор“, објавија ирански медиуми.
Оцие апсења покажуваат дека во Иран е планиран внатрешен заговор на таканаречените умерени сили или реформатори. Токму тие, по немирите и американски напад, требало да создадат раздор во иранската елита и да го олеснат падот на власта на ајатолахот.
Таквата операција (како што беше при случајот со заробувањето на венецуелскиот претседател Николас на Мадуро) не би барала големи воени сили – нешто што САД во моментов и го нема распоредено на Блискиот Исток.
Во зависност од развојот на настаните, некој од „реформаторите“ би ја преземал власта, со што би се добило нова власт лојална кон САД, а истовремено би било овозможено задрѓжување на релативен континуитет на власта во земјата, а со тоа и стабилноста во регионот. Сепак, со апсењето на заговорниците и брзото задушување на протестите, вакјвиот план планот пропаднал, што е и една од најголемите причини поради која САД, барем привремено, се откажаа од најавуваните воени удари врз Иран.




