Повеќе од 1 300 починати од корона вирусот во последните 24 часа во САД, што е најголем број во еден ден од почетокот на епидемијата во оваа земја.
Бројот на заразени надмина половина милион лица, а има 20 000 мртви случаи.
Истовремено, последните 24 часа, САД бележат драстично намалување на бројот на хоспитализираните.
Во Њујорк мртвите на некои места ги закопуваат во масовни гробници.
„Во смисла на бројот на мртви, ова е лоша недела. Но воочуваме драматичен пад на бројот на хоспитализирани“, изјавил еден од водечките инфектолози во државата, Антони Фаучи.