Постигната е целта во САД целта на претседателот Џозеф Бајден да бидат аплицирани 100 милиони дози вакцина против коронавирусот повеќе од еден месец пред истекот на 100 дена на функција, што е крајниот рок што тој го постави, јавија американските медиуми.
Во моментов се даваат околу 2,5 милиони дози дневно во САД.
Бајден посочи дека негова следна цел ќе биде – 200 милиони дози до крајот на 100 дена по стапувањето на функција.
САД имаат доволно залихи од три одобрени вакцини – Фајзер, Модерна и Џонсон и Џонсон – за да ја покријат целата возрасна популација за 10 недели, според американски медиуми.