Денеска официјално ја продолжуваме работата во Амбасадата на САД во Киев. Украинскиот народ, со нашата безбедносна помош, успешно ја брани својата татковина наспроти неиспровоцирана инвазија на Русија. По три месеци, американското знаме повторно се вее над Амбасадата“, се вели во соопштението од американскиот државен секретар Антони Блинкен што го пренесе од Стејт департментот.
„Гордо стоиме со и продолжуваме да ги поддржуваме владата и народот на Украина додека ја бранат својата земја од бруталната агресивна војна на Кремљ“, се додава во соопштението.