САД го прифатија луксузниот авион „Боинг 747“ – подарок од Катар, а од американските ВВС е побарано да утврдат начин за брза надградба за употреба како нов „Ер Форс 1“, јавија американските медиуми.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го одобрил прифаќањето на авионот вреден 400 милиони долари и им дал задача на американските воздухопловни сили да најдат начин брзо да го надградат за употреба како официјален авион на американскиот претседател Доналд Трамп.

Правни експерти го доведоа во прашање законот поврзан со подароци од странски влади, што имаат за цел да спречат корупција и несоодветно влијание.

Трамп ги отфрли етичките загрижености, нагласувајќи дека би било „глупаво“ да не се прифати авионот.

Катарската влада, исто така, ги отфрли загриженостите.