САД нема да ја поддржат нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединети нации предложена од Франција, со која се повикува на прекин на огнот во израелско-палестинскиот конфликт, со образложение дека тоа може да ги поткопа напорите за деескалација на кризата.
– Бевме јасни и доследни дека сме фокусирани на интензивни дипломатски напори што се водат за да се стави крај на насилството и дека нема да поддржуваме активности за кои веруваме дека ги поткопуваат напорите за деескалација, изјави американски портпарол во ОН.
Американскиот претседател Џо Бајден денеска побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веднаш да ги деескалира тензиите во конфликтот со Хамас со прекин на огнот, изјави портпарол на Белата куќа.
Четвртиот телефонски разговор меѓу двајцата лидери за една недела се случи откако Нетанјаху изјави дека не може да постави временска рамка за ставање крај на конфликтот, што трае повеќе од една недела.