Според најновата ранг листа на најмоќни држави, САД задржаа прво место во 2019 година, а ја следат Русија и Кина.

Ранг листата на US News and World Report, разглдува политички и финансиски влијанија на една држава како и нејзините меѓународно сојузи, нејзината армија и како таа дејствува како меѓународен лидер. US News and World Report ги опишува САД како „доминантна економска и воена сила во светот“ и држава што има големо културно влијание во светот поради тоа што нејзината популарна култура е во книги, филмови, музика и ТВ емисии ширум светот.

Според нив, политичките одлуки на претседателот Доналд Трамп „предизвикале прашања ширум светот меѓу кои и најблиските сојузници, за идниот курс на држави на глобалната сцена“.

Русија е опишана како најголема светска сила по копнена маса и која дели граница со повеќе од 10 држави и големата моќ се објаснува со економски раст што е поткрепен од резерви на нафта и јаглен, како и со акцент на армијата.

Кина има најголема светска популација и втора најголема економска сила. Во извештајот се вели дека има брз економски развој.

На четврто место се Германија, Велика Британија, следуваат Франција, Јапонија, Израел и Саудиска Арабија. Овојпат во топ-10 за првпат влегува Јужна Кореја на местото на ОАЕ. Најголемо изненадување е Ирак кој минатата година не бил меѓу 80 рангирани, а сега е на високото 19 место.