Властите во неколку градови во САД предложија закон со кој ќе се забрани продажбата на електронски цигари, сѐ додека нивниот ефект врз здравјето на луѓето не биде испитан од страна на американската Влада.
Ова е прв ваков случај во САД. Сан Франциско, Чикаго и Њујорк испратиле заедничко писмо во кое бараат Државната агенција за храна и лекови да го утврди влијанието на електронските цигари врз човековото здравје.
Главниот обвинител на Сан Франциско, Денис Херера, еден од авторите на предлог-законот, изјави дека електронските цигари мора прво да се испитаат.
– Тие компании може да се кријат зад маската на помала штета, но јасно е дека и нивните производи предизвикуваат зависност, изјави тој.
Според критичарите на предлог-законот, тоа повторно ќе значи потешко откажување од цигарите кај луѓето што го сакаат тоа.