Американскиот Сенат, горниот дом на Конгресот, одобри нацрт закон со кој се воведуваат санкции за Сирија и за нејзини сојузници, меѓу кои Русија и Иран.
Иницијативата е поддржана од републиканското мнозинство во Сенатот.
Нацрт законот треба да биде одобрен во Претставничкиот дом каде мнозинство имаат демократите.