САД соопшти дека дава „силна поддршка“ на Нгози Оконџо-Ивеали за функцијата генерална директорка на Светската трговска организација (СТО), со што го повлече американското вето кое администрацијата на Доналд Трамп го стави на кандидатурата на Нигеријката.
„Администрацијата на Бајден-Харис е среќна што може да обезбеди силна поддршка за кандидатурата на Нгози Оконџо-Ивеали за функцијата нов генерален директор на СТО“, се вели во изјавата на службата на претставникот за трговија.
„Оконџо-Ивеала го носи своето богато знаење во економијата и меѓународната дипломатија благодарение на 25-годишното искуство во Светска банка и два мандати како нигериски министер за финансии“, се додава во соопштението.
Администрацијата на Трамп поддржа друга кандидатка, јужнокорејската министерка за трговија Јо Мјунг-хе, која вчера ја повлече својата кандидатура.
Администрацијата на Бајден посочува дека „едвај чека да соработува“ со новата директорка „со цел да се спроведат многу потребните важни реформи на СТО“. Притоа, тој се придружува на неговите претходници кои исто така повикаа на реформа на таа организација.