Американските истражители во Њујорк ѝ вратиле на Италија 42 антиквитети во вредност од 3,5 милиони долари, од кои некои се стари околу 2.500 години, а кои претходно биле ограбени и продадени како шверцувани предмети.
Јавниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, изјави дека високовредните дела вчера им биле вратени на италијанските власти на церемонија во Њујорк, објави Фигаро.
Брег истакна дека американското правосудство продолжува да ја поништува штетата правена со децении од многу добро организираните мрежи за шверц на антиквитети низ Италија, наведувајќи дека откако тој ја презеде функцијата шеф на обвинителството на Менхетен во 2022 година, повеќе од 200 артефакти се вратени на Рим.
Претставникот на италијанската полиција Винченцо Молинезе го поздрави големиот успех на истрагата благодарение на италијанско-американската соработка.
Меѓу вратените антиквитети има и пехар од италијанскиот регион Пуља, кој датира од 335 година п.н.е., а кој е украден од гробница во јужна Италија, соопшти њујоршкото правосудство, наведувајќи дека пехарот пристигнал во Њујорк преку Лондон, каде беше одземен во јули од приватен инкасатор.
Њујорк беше центар на меѓународната трговија со антиквитети.
САД активно водат кампања за враќање на делата ограбени од целиот свет од добро организирани шверцерски мрежи.
Од 2017 година, Окружното обвинителство на Менхетен води кампања за враќање на делата ограбени од целиот свет помеѓу 1970 и 1990 година, кои беа прокриумчарени во Европа и САД и запленети од музеи и приватни колекционери во Њујорк.
Откако Брег ја презеде функцијата обвинител, повеќе од 1.000 антиквитети во вредност од 185 милиони долари се вратени во 19 земји, вклучувајќи ги Камбоџа, Кина, Индија, Пакистан, Египет, Ирак, Грција, Турција и Италија.