Вооружен маж кој 10 часа не сакал да се предаде, го направил тоа откако специјалец му отпеал божикна песна.
Американските медиуми пренесуваат дека полицијата стигнала на Божиќ на повик на членови на семејство кои воочиле дека Натаниел Луис од Честер во Пенсилванија почнал необично да се однесува.
Тој 34-годишен маж откако се појавила полиција, почнал да пука врз нив, полициските возила и други куќи по што полицијата возвратила.
Полицискиот преговарач на крајот успеал да го наговори Луис да се предаде откако му ја отпеал песната „Белиот Божиќ“.