Соединетите Американски Држави (САД) ставија вето на резолуцијата на Обединетите нации (ОН) која би ги осудила нападите на Хамас врз Израел и секое насилство врз цивили, пренесува Асошиејтед прес (АП).

Во Советот за безбедност на ОН со 15 земји членки, 12 гласаа „за“, САД гласаа против, а две членки беа воздржани.

„Американскиот претседател Џозеф Бајден е во регионот, тој се занимава со дипломатија и на нас ни треба таа дипломатија“, изјави по гласањето американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд.

Таа, наводно, ја критикувала предложената резолуција бидејќи, како што рече, во неа не се споменува правото на Израел на самоодбрана.

Пред гласањето за документот, членовите на Советот за безбедност отфрлија два руски амандмани, еден со кој се повикува на „хуманитарен прекин на огнот“, а другиот со кој се осудуваат „случајни напади врз цивили и цивилни објекти во Газа, вклучително и болници и училишта“.