Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе потпише извршна наредба за социјалните мрежи, изјави неимуван претставник на Белата куќа.
Трамп по предупредувањето од Твитер, корисниците да ги проверуваат фактите во неговите твитови, тој се закани дека ќе ги затвори социјалните мрежи.
Твитер вчера првпат предупреди дека твитовите на Трамп водат кон дезинформации, а американскиот претседател го обвини Твитер дека „ја задушува слободата на говорот“ и „се меша во претседателските избори 2020“
Портпаролот на Твитер, Трентон Кенеди изјави дека твитот на Трамп за гласањето преку пошта не ги крши правилата, бидејќи „не се обидува директно да ги одврати луѓето од гласање“ туку содржи „погрешни информации за процесот на гласање, посебо за испраќање на гласачките ливчиња“.