На поранешниот американски претседател Доналд Трамп не му се допадна искрениот однос и разбирањето што на самитот Г7 во Корнвол, Ангија, го покажаа претседателите Емануел Макрон и Џо Бајден, поради што тој реагираше преку соопштение за јавноста, јави дописникот на МИА.
Реакцијата на Трамп почнува со цитатот на Макрон до Бајден од самитот на Г7 дека „е добро што имаме американски претседател кој е дел од клубот и е многу заинтересиран за соработка. Покажавте дека лидерството е партнерство “.
„Тој и многу други лидери пред него, во Франција и низ цела Европа, ги измамуваа САД како никогаш порано. Со нас се однесуваа многу неправедно со ужасни трговски зделки и плаќавме многу за нивната одбрана “, реагираше Трамп.
За поранешниот претседател на САД, земји, како Франција, ги искористуваа САД.
„Затоа, се разбира, им се допаѓа Бајден затоа што сега ќе им биде дозволено да се вратат на старите методи на измама. Ако бев водач на овие земји, и јас би го претпочитал Бајден од претседателот Трамп“, додаде тој.
Според него, „овие земји сега ќе се збогатат на штета на САД, како што правеа во минатото, се додека не се направи промена. Прво сум за Америка“ , заклучува поранешниот претседател во реакцијата на пораките од средбата меѓу францускиот и американскиот претседател на самито Г7 во Кронвол.