Полицијата уапси 17-годишна девојка откако влегла во мал авион на аеродром во централна Калифорнија и со леталото удрила во оградата.

Ниту еден патнички авион не бил во опасност од инцидентот што се случи на меѓународниот аеродром Јосемити во градот Фресно.

Според полицијата се уште се испитува зошто девојката го украла авионот, но нема индиции дека нејзините мотиви се поврзани со тероризам.