Кинескиот технолошки гигант Хуавеи е под истрага од властите во САД заради кражба на трговски тајни на американски компании. Тоа го објави Волтрит џурнал повикувајќи се на извори.
Според весникот, истражители се обидуваат да увидат дали компанијата била вовлечена во кражба на технологии за роботизирани модули што телекомуникациската Ти-Мобајл ги користела за тестирање смартфони.
Истрагата била иницирана од судски дела против Хуавеи. Во еден од тие процеси судски совет во Сиетл установил дека Хуавеи незаконски присвоил роботехнологија од лабораторија на Ти-мобајл во Висконсин.
Профитот на Хуавеи во областа на смартфони во 2017 година бил над 7,5 милијарди долари.