Пентагон предупреди дека Военоморските сили на САД ќе дејствуваат поагресивно во услови на експанзија, агресија и кршење на меѓународното право, особено против Пекинг, кој беше критикуван за неговите амбиции за хегемонија во Јужното Кинеско Море.
Во новиот голем извештај на шефовите на американската морнарица, крајбрежната стража и маринскиот корпус на САД се предупредува дека „меѓународниот поредок заснован на правилата подложен на напад“ и безбедносното опкружување драматично е променето од 2015 година.
Кина и Русија се наведуваат како „одлучувачки ривали“ на САД. Особено Кина претставува „најнепосредна долгорочна стратешка закана“.
– Кина е единствениот конкурент со економски и воен потенцијал, долгорочен, сеопфатен предизвик за САД, се истакнува во извештајот.
Нагласено е дека азискиот гигант се обидува да го поткопа меѓународното поморско управување, да го ограничи пристапот до традиционалните логистички центри, да ја ограничи слободата на навигација, да го обесхрабри американскиот ангажман во регионалните спорови. Кина спроведува брза модернизација и проширување на нејзините вооружени сили. Военоморските сили на земјата се трипати поголеми отколку пред две децении.