Оваа недела беше извршена трета федерална смртна казна во САД.

Дастин Ли Хонкон (52) беше егзекутиран со смртоносна инекција во централната држава Индијана.

Студент по хемија, кој станал шверцер на дрога и шеф на дистрибуција на метамфетамин мрежа, Хонкон во 1993 година убил пет лица, меѓу кои и две девојчиња на возраст од 6 и 10 години, соодветно, за да не сведочат против него.

Тој беше прогласен за виновен и осуден на смрт во 2005 година.

Оваа недела, за првпат од 2003 година, во САД беа извршени смртни казни изречени од федерален суд. Ова уследи откако Врховниот суд даде зелено светло за егзекуциите.

Претходно, во државата имаше неофицијален мораториум за егзекуции на федерално ниво 17 години, поради недостиг на усогласени правилла за смртоносни инекции. Минатата година, сепак, претседателот Доналд Трамп, кој како и повеќето републиканци, е поддржувач на смртната казна, реши да ги продолжи егзекуциите.