Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин денеска изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп има подготвено листа со санкции за Турција, но оти засега е задоволна од прекинот на огнот во Сирија, поради што се укинати претходните санкции.

Мнучин истакна дека има листа со дополнителни цели за потпретседателот Мајк Пенс кој преговараше со Анкара за прекин на огнот во североисточниот дел на Сирија.

Тој додаде дека ако разговорите не беа успешни ќе беа воведени финансиски санкции кон Турција.

– Одговорот е дека се уште ја имаме таа листа. Нема причина да очекуваме дека ќе мораме да ја употребиме, бидејќи сме задоволни од начинот на кој функционира договорот, посочи Мнучин.