Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 1, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирусот.
Тој вели дека и покрај максималното почитување на мерките, е позитивен на Ковид-19 и дека заедно со семејството ќе биде во изолација. Засега се чувствува одлично, и немам никаков проблем.
„За жал, нештата понекогаш се случуваат и покрај максимално можно почитување на препораките за заштита. Се чувствувам одлично, засега немам никаков проблем. Заедно со семејството во наредниот период ќе бидеме во изолација, под надзор на матичниот лекар“, напиша Бишевац на Фејсбук.