Непознати хакери ги објавија податоците на 1,3 милиони корисници на социјалната мрежа Клубхаус, соопшти интернет порталот СајберЊуз.
Информацијата се појави на популарен форум меѓу хакерите во мрежата.
Станува збор за имиња наведени во профилите на корисниците, врски до нивните фотографии, како и информации за нивните профили на други социјални мрежи. Објавени се податоци за тоа кој ги поканил корисниците на Клубхаус кога се регистрирале.
Експертите предупредуваат дека тие информации би можеле да им помогнат на хакерите да ги злоупотребат банкарските сметки на граѓаните.