Битола е град кој заслужува многу повеќе од централната власт, Битола е центар кој ќе го добие она што го заслужува во периодот кој следи. Ние заедно со кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова имаме идеи, планови, начин како да го смениме односот на централната власт кон Битола. Затоа во нашите планови, проекти се да го подобриме начинот на живот, квалитетот на живот, меѓутоа да надополниме и со проекти, средства на Општина Битола на таков начини мислиме дека и квалитетот на битолчани ќе се зголеми меѓутоа и туристичката понуда во Битола ќе го добие она што го заслужуваат и битолчани и цела Македонија, изјави денеска од Битола генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски и носител во Изборната единица 5
Сакам да потенцирам денеска на денот на светскиот ден на здравјето дека еден од тие проекти е комплетна реорганизација на клиничката болница во Битола тука да направиме клиничка болница која е респектабилна и за жал морам да потенцирам дека клиничката болница во Битола денеска е под нивото на она што треба да биде а таа е центар за овој регион.
Сакам да потенцирам дека клиничката болница во Битола, ќе ја вмрежиме со вишата медицинска школа, ќе донесеме плус кадри, ќе ја смениме здравствената инфраструктура внатре, на таков начин и пациентите што се од Битола и од регионот ќе добијат подобра здравствена услуга.
На битолчани сакам да им порачам дека периодов што следи, периодов по добивањето на централната власт можат да се надеваат на голем број проекти што ќе го подобрат животот во Битола покрај тоа што ќе бидат инфраструктурни проекти, ќе добијат и проекти кои ќе значат нови работи места.
Сакам да ги поканам сите битолчани да присуствувате на народниот митинг за претставување на нашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова кој ќе се случи во понеделник во 20 30 часот на плоштадот Магнолија тука. Ви подаваме рака заедно да започнеме и да свртиме нова страница за подобар живот, подобри услови и за подобра Македонија, рече Сајкоски.