Крива Паланка ќе добие нова енергија и нов развој со победата на Оливер Алексовски за градоначалник и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори – порача денеска Ѓорѓија Сајкоски.

„Промените се неминовни. Крива Паланка заслужува повеќе – нова инфраструктура, економски развој, подобро образование и поквалитетно здравство. Сето ова ќе биде возможно со тимот кој го предводи нашиот кандидат за градоначалник, Оливер Алексовски“, изјави Сајкоски.

Тој посочи дека новиот тим има јасна визија, цел и силна поддршка од централната власт, што ќе овозможи побрза реализација на проекти и подобрување на животот на сите граѓани во општината.

„Обединете се околу нас, околу кандидатот за градоначалник и околу нашата советничка листа. Само така можеме да обезбедиме победа што ќе значи развој, подобра иднина и Крива Паланка конечно да го добие сјајот што го заслужува“, истакна Сајкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе бидат посветени на реални и изводливи проекти, кои ќе ги подобрат условите за живеење во сите населени места од општината.