Почитувани граѓани на Крушево, македонски граѓани. Ве повикувам тука од симболот на македонската борба, од симболот на македонскиот непокор, од Мечкин Камен. Ве повикувам од местото каде што македонските граѓани се обединија против неправдата, се обединија против тиранијата се обединија за да имаат подобар живот.
Денес, тука од Мечкин Камен сакам да порачам до сите граѓани на Крушево, да се обединиме повторно. Да се обединиме против сиромаштијата, против неправдата. Да се обединиме во борбата против криминалот и корупцијата и заедно на 8 мај да излеземе во што поголем број, да дадеме поддршка за кандидатите на листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за бројот 2.
Да дадеме поддршка за луѓето коишто знаат и коишто можат да испорачаат. Да донесеме голема победа. Победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, победа за македонските граѓани, за подобра инфраструктура, за подобар развој, за економија онаква каква што посакуваме, за судство што суди и да имаме правна држава. Затоа, мора сите да излеземе во што поголем број и да дадеме силна поддршка.
Развојот зависи од нас. Затоа ве повикувам повторно, почитувани крушевчани, излезете масовно на 8 мај и подржете ја.