Нашите предлози и укажувања се јасни. Не знам зошто Ковачевски толку се измачува. Досега нема одговор од власта за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, за да може да се формираат тимови. Кога нема консензус по најважните прашања за државата, предвремени избори се неизбежни во моментов. Кога нема стратегија и план за најважната стратешка работа за државата од страна на власта се доведуваме во ваква ситуација, изјави за „Заспиј ако можеш“ на Алфа, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.
Сајкоски потенцира дека власта во изминатите години не кажа кои се целите, принципите и како да се дојде до решение на проблемите кои настанаа како со Договорот со Бугарија, така и со тековните проблеми кои секојдневно ги гледаме.
Тој посочи дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се јавно презентирани, а власта ако бара лидерска, треба да ги земе предвид барањата и на другата страна.
– Ние укажуваме дека потребни ни се гаранции од европските држави за македонскиот јазик, идентитет, нашата посебност. Укажуваме и дека како што имаше за дел држави пакет мерки, еден вид на поддршка за развој, ние бараме економски пакет за инфраструктура, економско зајакнување на државата. Треба да се изгради стратегија како да се откочи процесот. Ние нудиме да помогнеме и кажавме два предлози јасни и се цел на компромис, изјави Сајкоски.
Во однос на предлогот за преодна влада, Сајкоски појасни дека во неа не треба да биде ДУИ и дека таа ќе трае до избори затоа што мора да запрат негативните процеси.
– Нашата загриженост во моментов е гледаме дека процесите не течат како што посакува власта, дека во Македонија секојдневно има криминал, корупција, дека има влада која потроши 28 милијарди евра како никоја влада, а за возврат нема изградено ништо, не може да се препознае ниеден проект. Но, гледаме дека и оваа влада од сам почеток прави ретроградни процеси и трајни штети по македонскиот народ и идентитет, рече Сајкоски.
Во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе попушти Сајкоски нагласи дека единството во ВМРО-ДПМНЕ и кај пратеничката група е на високо ниво и никој нема да гласаат уставни измени под овие услови, како и дека поминаа 10 месеци откако власта рече дека следниот месец ќе има, па еве гледаме дека не се на дневен ред.
Воедно тој укажа дека потребен е и економскиот пакет од ЕУ кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ за да се намалат штетите кои ги направи владата изминативе години, има катастрофа во здравство, образование нема ни учебници, а инфраструктура гледаме проектите стојат, ни се случуваат и национални штети и губење, а народот губи надеж.