„Продолжуваме со теренските активности, денес се сретнавме со жителите од Пополжани, Брждани и Цер. Од нив можевме да слушнеме и видиме дека тука се живее многу тешко и тука нема основни услови за живот, нема добра инфраструктура и патиштата се комплетно руинирани“, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргија Сајкоски при теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ „Ова е Македонија за сите“ во населените места Пополжани, Брждани и Цер во Кичево.
Сајкоски истакна дека граѓаните ни истакнаа дека се разочарани од секојдневните политики на оваа Влада.
„Денес гледаме дека оваа Влада која ветуваше живот и дека ќе има добра инфраструктура денес прави еден од најкриминалните проекти а тоа е проектот со „Бехтел и Енка“ со кој сакаат да злоупотребат огромен број на средства не можејќи да поминат преку Парламентот и институциите измислија дека со европско знаменце можат да ги поминат законите“, рече Сајкоски.