Во моментов или на овие претстојни избори граѓаните ќе кажат кој за што е виновен и тие ќе го дадат мандатот на оние на кои можат да ги решаваат проблемите, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на битолската телевизија Тера.
Сајкоски се осврна и на работата на Владата на СДСМ и ДУИ укажувајќи дека немало грижа за никого.
„Оваа Влада треба да замине во историја. Техничката влада е само ад хок решение кое требаше да биде решение, но бидејќи гледаме дека не може многу да се направи, да не речам ништо. Оваа Влада наместо да ги решава проблемите таа ги прави истите или има само застој 100 дена и тоа имаме застој во се, во сите области“, рече Сајкоски.
Во минатото се покажа кои политички партии кои ги штитат интересите на граѓаните, а кои не, сите видовме дека СДСМ е во тие што не испорачува ништо.
„Во меѓународната јавност ние како држава во последниве седум години сме третирани како држава со високо ниво на корупција, неискористеност на фондови. Срам сме и за регионот и за ЕУ, заедница од која се стремиме да сме дел. Патриоти се оние кои се грижат и за граѓаните и за државата. А што видовме ние? Се зголеми инфлацијата и истата ги јаде и платите и пензиите за кои се фалат дека ги зголемиле“, кажа Сајкоски.
На прашањето што очекува на претстојните претседателски и парламентарни избори, Сајкоски вели:
„Очекуваме голема победа, очекуваме огромна поддршка од граѓаните тоа го покажуваат анкетите, ама се гледа и од расположение на граѓаните“.