Денес остваривме средба со Македонците во Мала Преспа, Пустец, информира Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата разговаравме за положбата и правата на Македонците во Република Албанија, за негувањето и афирмацијата на македонската посебност и македонскиот национален дух, за поголема прекугранична соработка за која цел сме во план за отворање на задграничен комитет. Република Македонија и Република Албанија негуваат и градат пријателски односи на соработка базирана на обострано почитување. Посетивме и дел од училиштата каде што дониравме книги на македонски јазик за деца на училишна возраст, вели Сајкоски.