Централната власт ќе стои на располагање на локалната власт, заеднички ќе можи да направиме многу, истакна денеска во своето обраќање на митингот во Вевчани генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајковски.
-Заеднички ќе направиме и тоа што не е ветено, заеднички ќе ги задоволиме вашите потреби, заеднички изградиме и доградиме она што не успеа во претходните три години кога немаше поддршка од централната власт, рече Сајовски.
Сите кандидати на ВМРО ДПМНЕ се чесни и одговорни, рече Мицкоски.
Вевчани доби место и во централната власт, место со кое ќе се помага на вевчаници и на регионот, на Струга, на Охрид и на цела Македонија затоа што сите знаеме дека сите кандидати кои што произлегуваат од ВМРО-ДПМНЕ се луѓе кои што одговорни, се однесуваат одговорно и знаат како да вратат на народот, потенцираше Сајковски.
Сајковски ги повика вевчанци да гласаат за вистинските луѓе.
Придружете се на вистинските луѓе, застанете до вистинските луѓе, поддршката дадетеја на вистинските луѓе и така ќе го имате вистинскиот избор за заедничка иднина, рече Сајковски во своето обраќање